Мојот прв лет
01.09.2008.

Крај на осумдесетите (слободна проценка 1988, значи пред 20 години). Летав по прв пат. Кратка чартер релација Скопје - Дубровник. Мекдонел Даглас ДЦ-9-32 на Адрија.
По чекирањето и контролата поминавме на отворениот дел кон пистата. Единствен отворен влез беше на опашката (со скали слични на Канадерите). Моторите веќе беа вклучени, па пред самото влегување во кабината беше толку бучно што не можеше сопствените мисли да си ги слушнеш. Седиштата беа по принципот first come first served. Ја имав среќата да го погледнам кокпитот кој иако ме фасцинираше со сите можни сигнали и стрелки сепак беше забележливо стар.

Летот беше интересен. Првиот впечаток на брзиот залет и полетување тешко може да се повтори. За жал не можам да кажам дека уживав во остатокот од летот заради големиот број воздушни џебови и повремените турбуленции. Но летот назад, на прекрасно сончево време и полетувањето врз морето го надоместија впечатокот.
Отсекогаш сум ги сакал авионите, а како помлад имав желба да бидам пилот. Сега летањето (како патник) е дел од ангажманите на деловен план со барем неколку патувања годишно (кога бев активен во НВО тоа беше неколкукратно повеќе пати).
Иако до денес збирно имам троцифрен број на летови, никогаш нема да го заборавам ДЦ-9 како моја прва љубов на небото.
ЕУ води во Пекинг
18.08.2008.

Извор: МедалТракер.ЕУ
x години потоа повторно со T-Home
09.08.2008.
Како што пред една година напишав се обврзав овие 12 месеци да останам АДСЛ корисник на Телеком. Деновиве ја разгледував конкуренцијата и одлучив повторно да останам. Од Септември почнуваат новите АДСЛ2+ пакети и тоа:
- 10 Гб = 500 денари
- 25 Гб = 1000 денари
- 100Гб = 1500 денари
Брзината најверојатно ќе биде двоцифрена. Бродбендот никогаш не бил поевтин и побрз. Кејблтел ги иницираше најновите поевтинувања - доказ дека конкуренцијата е добра за пазарот.
Отворено прашање
06.08.2008.
Дали тајните служби и партиските кујни ги користат коментарите на медиумите и блоговите за е-графитоманија? Дали постои организација позади троловите?
Пригоден виц
04.08.2008.
Две деца наоѓаат еден дневник на партизан.
21.07.43: По долги борби со Германците ја земавме шумичката.
23.07.43: Дојдоа Германците и ни ја земаа шумичката, ама утре ќе ја повратиме.
24.07.43: Како што напишав претходнно ја вративме шумичката.
27.07.43: Се боревме со Германците за шумичката кога дојде Шумарот и сите не избрка.
Се бара итно: напојување 5V/2.5A
29.07.2008.
Ми откажа напојувањето на мојот бе(з?)жичен D-Link рутер. На иБеј оригинал и копии се наоѓаат за 5-6 долари, додека тука за копија ми бараат 30 ЕУР, додека за 15 повеќе можам да си купам нов Netgear рутер што за мене е смешно.
Како и да е, доколку знаете нешто пишете на јпетров@гмаил.ком. И да, се обидов во Логинг.
За Обама, Буш и МекКејн
20.07.2008.
Просто сум зачуден од себичната кратковидост при дебатите во Македонија поврзани со досегашните и потенцијалните претседатели на САД. Има општо поставено „дифолт“ мислење дека Обама е злобен и грк (црн :), а МекКејн од Law and Order е сонцето на Македонија.
Да се навратиме… Овој сервилен однос кон „Бушизмот“ започна пред 3-4 години. Двете најголеми политички структури во Македонија беспоговорно ја поддржаа САД во акциите кои освен „ослободителни“ понекогаш имаа и елементи на воен криминал. Да не ги заборавиме вон-институционалните јавни и тајни затвори на границата со Куба и низ Европа. Да не ги заборавиме воздушните мостови од Македонија, Полска, Словачка, Авганистан и Ирак (барем оние кои се документирани во истрагата на ЕУ) во кои противправно беа буквално киднапирани луѓе (за повеќето се покажа дека биле недложни).
Негрижата кон човековите права во Македонија се покажува на повеќе пати. Од државното погибие на групата на Пакистански емигранти кои без оружје биле пресретнати со по 40-50 куршуми по глава на емигрант (под закрила на истиот анти-тероризам). Да не го заборавиме Калид Ел Масри кој доби дури своја Википедија страна по бесправното киднапирање и транспортирање во Авганистан. Кога сме веќе околу нарушувањето на човековите права (неповрзано со САД, но по ист принцип) да не го заборавиме и убиениот самоубиец кој убивал (Таневски).
Спрегата на Македонските тајни служби кои без никаков извештај трошат енормно голем буџет со исто толку чесните агенции на САД (тајни и јавни) мене лично ме плаши. Под закрилата на борбата против тероризмот се случуваат катастрофални нарушувања на човековите права. Впрочем од сегашна гледна точка иако е неубаво да се каже спрема жртвите, но за администрацијата на Буш нападот на Светскиот трговски центар дојде како „кец на десетка“. Акцијата „анти-тероризам“ на Буш беше следена од сите десничарски експоненти по што се протуркаа еден куп закони за прислушкување и пумпање на буџетите со безбедносни ставки. Дали денес сме посигурни благодарение на оваа политика?
Македонија испраќа беспоговорно свои војници во Авганистан и Ирак. Во случај на интервенција не се противам и за воени инсталации, но она што искрено ми смета е (како и во сите други елементи во општеството) - немање на суштинска демократска расправа - до кога ќе праќаме војници, која е нашата стратегија. Така требало и ќе одиме, како овци, па ако треба и да изгинеме.
Враќајќи се назад на дилемата Обама или МекКејн не можеме да разговараме само кои лобисти се појаки во која партија. За воља на вистината, кај републикацните албанските лобисти се за ранг 10 ако не и 100 појаки од нашите (доказ: Боб Дол на Косово во времето на Милошевиќ).
Всушност, што искористивме ние од пријателството на Буш? Суптилната поддршка беше евидентна, но таа не зависи од нас. Но кога ни беше сервирана топка да шутираме дали го погодивме голот? Впрочем дали може да не гледаат нормално и позитивно доколку секогаш доаѓаме со „тато“ да не’ штити. Целиот македонски коруптивен бекграунд доаѓа до израз - ние и самите не сме сигурни дека не’ бива за НАТО и ЕУ, па мора ете со тато Буш да се шетаме наоколу за да не’ брани од лошите (тука стави Грци, Французи, терористи и остала гамад).
Ако не не’ бива за оваа игра, тогаш зоошто воопшто се мачиме со „глобални“ теми со веќе познат крај (веќе сега можам да прочитам македонски весници за пола година - за жал МекКејн изгуби).
Гледајќи го сеопштото добро на светот, Буш и неговата администрација ќе останат запаметени како едни од најкатаклизмичните политички гарнитури кои владееја со модерниот свет. Беспредметни војни, злоупотреби на човекови права, ослабена економија и долар, намалени шанси за суштинско помирување помеѓу сите чинители. Овој круг на омраза мора да прекине.
Заради тоа Барак Обама е вистинскиот човек добар за иднината на сите - како неговиот американски народ така и целиот свет. Што поскоро намалување на ангажманост во беспоштедни војни и што поголемо ориентирање кон изградбата на економијата. Злоупотреби на човековите права постојат стотици години во Африка, и фокусот на меѓународната заедница треба да се префрли таму. Обама со своето африканско потекло ќе биде додатен симбол на обид за помирување и елиминирање на крвниците кои сеуште „хараат“ низ најубавиот континент (пр. Мугабе).
Што ќе се случи со Македонија пред и по Обама? Пред Обама ќе се штуткаме како млада невеста со името, а кога ќе дојде тој на власт со своите „злокобни сенатори“, ќе се предадеме оти ете немало правда. Како и да е, верувајте ми, последна мисла на Обама му е Македонија. Што е добро. Треба еднаш да застанеме на наши нозе, со наш ум и да ја решиме ситуацијава - или не’ бива да одиме со евро-интеграциските процеси забрзано за да ја стигнеме (замислете си) Албанија или ќе останеме тиња, мочуриште во кое ќе владеат локални крими-каубојци и бледи имитатори на Бушовата конзервативштина. Ниеден „тато“ не ни е крив за тоа…
Обама ќе има голема победа на наредните избори во САД. На нас останува како ќе го прифатиме тоа и која ќе биде нашата стратегија. Доста е веќе од конзервативци…
Споредба на bash и PowerShell
16.07.2008.
Одлична споредба на легендарниот bash и објектно ориентираниот MS PowerShell. Link (PDF - Linux Magazine)
Follow this link, up and running in 10 minutes, free and WEP working (both ASCII and HEX keys).
Chipset: Realtek RTL8187b
